Тие ги влечат конците во иранската економија- бизнисмените во воени униформи…

од desk3
68 прегледи

Често носат мистериозни имиња, како “Печатот на пророкот”, на пример. Но се вистинска машина за правење пари во најкорумпираната исламска држава. Иранските верски фондации контролираат до 80% од економијата на земјата-пишува DW

0,,15841504_303,00

Секој патник кој пристигнува на аеродромот во Техеран, паѓа во видното поле на Иранската револуционерна гарда. Бидејќи оваа елитна единица на исламската република е истовремено и оператор на меѓународниот аеродром “Имам Хомеини”, таа ги собира сите аеродромски такси, кои се многу профитабилен бизнис. Гардата ги контролира границите на исламската држава и на други аеродроми и пристаништа во земјата и одлучува кои стоки да биде дозволен и кои – не. Таа не плаќаат ниту царина ниту даноци и не даваат отчет на никого какви стоки и на каква вредност стигнуваат до црниот пазар и колку заработуваат од тоа елитните гардисти.

“Армијата на чувари на исламската револуција”, како што е целосното нејзино име има копнени, поморски и воздушни единици и го контролира стратешкиот оружје арсенал на Иран. Таа брои повеќе од 120 илјади гардисти. Покрај тоа чуварите на исламската револуција се и џиновски концерн кој поседува очни клиники и градат нормални куќи автопати, железнички делници и линии на метрото. Револуционерните гардисти се поврзани и со производството на нафта и гас, градат брани и активно учествуваат во рударството.

НАТО доби сè од Србија- доби и дипломатски имунитет!

Малку се знае за активностите на организацијата – западните медиуми ретко информираат за тоа. Таков беше случајот во 2009 година, кога ББЦ соопшти за трансакција на Револуционерната гарда во вредност од 8 милијарди долари за поврзување на југоисточното пристаниште Чахбахар со железничката мрежа на земјата. Зад овој стратешки инфраструктурен проект, како и зад многу други скапи потфати, стои фондацијата “Печатот на пророкот”. Зад тоа побожно име сепак не стои некоја непрофитна организација, туку технолошки холдинг на револуционерните гардисти. Формирана кон крајот на 80-тите години, за да учествува во обновата на земјата по војната против Ирак, постепено организацијата ја зголеми економската со моќ и влијание – главно благодарение на поранешниот претседател Махмуд Ахмадинеџад.

Во меѓувреме претприемачите во униформа контролираат веќе една третина од иранската економија, тврди експертот за Иран Бахман Нируманд за ДВ. “Нема точни податоци, но преовладува мислењето дека 1/3 од иранската економија, а може и повеќе, е во рацете на револуционерните гардисти”, вели тој. Според проценките на Светската банка, БДП на земјата во 2014 година изнесувал повеќе од 425 милијарди долари. Во таква ситуација околу 140 милијарди долари отпаѓаат на Револуционерната гарда.

Бизнисмени во воени униформи

0,,18188215_401,00
Иранската економија сепак не се контролира само од Униформирани претприемачи на Револуционерната гарда. Во земјата има и верски фондации, водени директно од вишите шиитски свештеници. Министерството за надворешни работи во Берлин проценува дека иранските елити контролираат преку верските фондации до 80 отсто од иранската економија. Никој не го знае вкупниот волумен на нивниот бизнис, бидејќи тие не се должни да ги објават своите финансиски салда и не се одговорни пред никого. При управувањето со претседателот Ахмадинеџад исчезнаа милијарди долари. Многу Иранци тогаш се прашуваа каде се потонати овие пари, но не добија никакви одговори, вели Нируманд. “Корумпирани имаше и во времето на шахот, но во споредба со сегашните владеели тие изгледаат повеќе како ситни џебчии”, вели публицист во Берлин.

Една од најголемите верски фондации се нарекува “Сетад”. Истрага на агенција Ројтерс доаѓа до заклучок дека фондацијата има над 90 милијарди долари капитал. Таа е формирана од страна на основачот на исламската република ајатолахот Хомеини непосредно пред неговата смрт во 1989 година. Целосното име на организацијата значи “Централа за извршување на налозите на имамот”. “Сетад” ја гради својата империја преку систематско конфискување на недвижности од емигрирани или лишени од сопственост поддржувачи на шахот. Според еден од основачите на фондацијата, таа е создадена за да им помага на сиромашните . Подоцна сепак организацијата е претворена во една огромна империја, директно потчинета на високиот водич.

Кој профитира од откажувањето на санкциите?
Ајатолахот Али Хаменеи ја контролира империјата “Сетад” од 1989 година. Според истрагата на Ројтерс, организацијата го прошири својот бизнис во финансиската сфера, телекомуникациите, нафтениот бизнис. Во јуни 2013 година американското Министерство за финансии воведе санкции на фондацијата и дел од корпоративните нејзини холдинзи. На овој начин американската влада сакаше да влијае на економските интереси на иранското раководство. Претставник на Министерството за финансии на САД, изјави дека организацијата е “џиновска мрежа од фасадни компании кои ги кријат средствата на иранските власти”.

0,,19053958_401,00

По укинувањето на санкциите, повторно најмногу добивки ќе извлечат големите компании контролирани од елитите на исламската држава. Бахман Нируманд се надева дека и обичните ирански граѓани ќе имаат корист од тоа. “Луѓето ќе имаат корист од укинувањето на санкциите, бидејќи се очекува да тргне трговијата. На крајот трговците и чаршиите, како и сите кои нудат услуги ќе добијат од укинувањето на санкциите”, тврди експертот.