Тие “си играат” политика на грбот на бегалците, ПР-от шиба напред….

од desk3
87 прегледи

Тунелот под Ла Манш е симбол на неуспех се европската бегалска политика. Медиумите на Островот непотребно ја драматизираат ситуацијата, а политичарите се обидуваат да заработат на грбот на бегалците. Значи не треба!- пишува DW.

0,,18620387_303,00

Неодамна еден британски весник ги спореди обидите на бегалците да дојдат до тунелот под Ла Манш со стравувањата на Британците од можна германска инвазија на Островот за време на Втората светска војна. Во Велика Британија популистичките нацистички споредби сеуште се трошат доста добро. Само што тие се глупост. Точно дека во последната недела помеѓу 100 и 150 лица, баратели на азил, успеаја да го преминат тунелот со возови или камиони, врз кои скокаат во движење. Но може ли при таква бројност воопшто да зборуваме за “инвазија” или за “миграциско лудило”, како пишуваат многу британски изданија? Не, се разбира.

Колку жално што британскиот премиер реагираше избрзано на овие претерани тврдења, свика седница по седница на владата за безбедност. Подобро би било ако Дејвид Камерон објасни зошто неговата земја одбива да го преземе својот дел од одговорноста околу бегалската криза во Европа ова лето и да прифати дел од овие луѓе. Во првите 6 месеци на годината во Велика Британија се поднесени 24 илјади барања за азил. Истовремено нивниот број во Германија е 170 илјади, а во Италија – 60 илјади. За каква “инвазија” воопшто станува збор?

Чиста доза популизам

Големите метежи на влезот на тунелот под Ла Манш и на пристаништето на Довер од британската страна се причинуваат претежно од штрајковите на француските фериботи, а не толку поради привремените ограничувања, поставени околу тунелот поради бегалската криза. Општо земено возовите продолжуваат да патуваат. Во некои британски изданија, како и во други европски медиуми се појавија написи, според кои британската армија требало да биде мобилизирана крај Ламанш поради кризата со бегалците. Тоа е уште една незрелост. Според плановите на владата во Лондон, војската треба да го регулираат исклучиво движењето во јужните региони на земјата и да ги насочуваат камионите кон привремени паркинзи . Факт е дека околу “бегалската драма” крај Кале од последната недела беа плеткаме доста отровни популистички мешавини, очигледно со цел од нив да бидат извлечени политички дивиденди на претстојните избори во Велика Британија.

Проблемот е вкоренет всушност друго место: никој нема рецепт за решавање на напнатата атмосфера во Кале – ниту француската ниту британската влада, уште помалку пак ЕУ како целина. Бегалците, било да се тоа од Сирија или Северна Африка, упаднале во Средоземното Море и стигнале некако до северна Франција, сепак јасно покажуваат дека сегашниот систем не функционира. Всушност тие би требало да добијат азил уште во Италија, Грција или Бугарија, односно во првата земја-членка на Заедницата, во која се стапнале. Досега европските министрите за внатрешни работи не успеаја да наметнат нов систем со помош на квоти и значајни механизми за распределба на бегалците. Патем вина за тоа имаат и Велика Британија и Германија, кои се противат на укинување на правилото за првата приемна страна на територијата на Заедницата.
Непотребно се драматизира

мигранти

Бегалците во Кале, чиј број е меѓу три и пет илјади и кои се надеваат да добијат таму некои шанси, треба или да бидат вратени од француските власти назад во европските земји, во кои стапнале прво, или да поминат низ процедурата за добивање азил во Франција. Ако пак не им биде дадено засолниште, тие мора да бидат екстрадирани назад во нивните матични земји. Ова сепак така и не се случува, бидејќи со години француските власти ги затвораат очите, а и е исклучително е тешко да се утврди каде за прв пат бегалците ги преминале границите на ЕУ и од која земја доаѓаат.

Точно е дека оваа година ситуацијата е особено критична, бидејќи бегалски притисок откај Медитеранот расте. Работите се драматизираат дополнително со претерани тврдења од видот на тоа дека илјадници бегалци требало за една ноќ да упаднат во тунелот меѓу Кале и Довер. Тоа е измислица, бидејќи бегалците се обидуваат во мали групички да заминат комплет и да се сместат во некој воз. Оние кои успеале, засега се малкумина.

Така одеднаш тунелот под Ла Манш се покажа во центарот на вниманието на сите, а безбедносните објекти, огради и вработените за безбедност изгледаат недоволни. Основна цел на бегалците досега беа камиони кои минуваат Ла Манш со фериботи. Откако сепак камионите се чуваат подобро, барателите на азил се насочија кон тунелот. Во него тие ја гледаат својата (иако минимална) шанса да стигнат до Островот.

Има ли излез од бегалската криза?

Бегалците ќе престанат да се натрупуваат крај Кале едвај кога веќе немаат шанса да дојдат до Велика Британија. Краткорочно може да помогне и една блокада на Кале. Тоа сепак нема да го реши проблемот трајно. Бегалците ќе најдат други патишта, други пристаништа или едноставно ќе се скријат некаде во Франција. Ако француските власти почнат редовно да го ослободуваат логорот крај Кале, тоа би испратило сигнал до сите други дека е бесцелно да тргнат и тие по овој пат. Од хуманитарна гледна точка сепак едно насилно на ослободување на бегалскиот камп би било исклучително тежок потфат.

Од друга страна, сепак француската влада не може да продолжи како досега и секоја ноќ да прогонува бегалци од тунелот. Париз, Лондон и Брисел се соочуваат со многу сложена дилема.