Тијана Ајфон во притворското одделение на затворот во Добој: Задоволна од третманот

од Stefanija Kuzmanovska
313 прегледи

Тијана Максимовиќ, попозната како Тијана Ајфон, негираше дека е виновна во Судот на Босна и Херцеговина при разгледувањето на предлогот за притвор и ги отфрли обвиненијата за проституција, односно дека таа организирала и  довела девојки во викендичка во Суво Поље кај Бјелина, потврдено е за „Аваз“ од Адвокатската канцеларија „Стевановиќ“ која ја застапува Максимовиќ.

„Тијана, се разбира и ние како нејзина одбрана, целосно ги побиваме основите на сомневање против неа, особено делот за проституција. Што се однесува до преминувањето на границата, тоа е нешто со кое Обвинителството ќе продолжи да се занимава и ќе поднесеме жалба против решението за определување притвор, што сè уште не сме го добиле“, посочува адвокатот Милош Стевановиќ.

Тој кажал дека Тијана се наоѓа во притворското одделение во Добој.

„Јас сум во контакт со неа, таа е задоволна од условите. Денес ми кажа дека третманот е многу коректен и дека полицијата била исто така многу коректна и во Бјелина и во Сараево. Ќе се обидеме да ја префрлиме во Бјелина што е можно поскоро, за да биде поблизу до семејството и секако дека ќе работиме на тоа да ја ослободиме од притвор што е можно поскоро“, вели Стевановиќ.

Слични содржини