16
Седум француски семејства поднесоа тужба против TikTok, обвинувајќи ја платформата за содржина што влијаела на самоубиството на двајца 15-годишници.
TikTok е тужен во Франција од семејства поради негативното влијание на неговата содржина врз младите. Во тужбата се наведува дека TikTok го користел својот алгоритам за да изложи седум тинејџери на видеа кои промовираат самоубиство, самоповредување и нарушувања во исхраната.
Семејствата започнаа заедничка правна постапка. Ова е прв ваков случај во Европа.
Родителите бараат правна одговорност на TikTok. Сметаат дека се работи за комерцијална компанија која на потрошувачите им нуди производ кој има негативно влијание.
TikTok сè уште не ги коментираше наводите.