Тикток и Мета сакаат правно да ги оспорат новите правила на ЕУ за дигиталните пазари

од Stefanija Kuzmanovska

Платформата Tiktok на кинеската компанија Bytdance и Meta, сопственик на Facebook, сакаат легално да го оспорат новиот Закон за европски дигитални пазари (DMA).

Tiktok денеска на својот блог објави дека се противи на новиот закон со кој се дефинира како „чувар на врата“, а Meta вчера соопшти дека не се согласува споменатиот термин да се користи специјално за неговите услуги „Маркетплас“ и „Месинџер“, пренесува АП. Како што е дефинирано од Business Insider, „чуварите на вратата“ во светот на социјалните медиуми имаат можности или знаење кои ги чуваат само за себе и ги исклучуваат оние со помали можности од својот простор.

Tiktok смета дека со оваа дефиниција ЕУ всушност ги штити вистинските „чувари на вратата“ од понова конкуренција и додава дека токму Tiktok е „веројатно најголемиот предизвик“ за своите поголеми ривали во сферата на социјалните медиуми, пренесува „Танјуг“.

Компанијата Meta нема проблем со тоа што ЕУ ја смета за „чувар на врата“, но смета дека Европската комисија направила грешка кога конкретно ги назначила услугите „Маркетплас“ и „Месинџер“ со тој термин и бара „појаснување на законот“.

Законот за европски дигитални пазари треба да стапи на сила до март 2024 година.

Слични содржини