TikTok реши видеата со храна да ги претвори во достава.
Социјалната мрежа за кратки видеа, исто така, станува ресторан во САД, како што објави TikTok Kitchen. Отсега, сите вирални видеа со храна од TikTok ќе бидат достапни за испорака.
Имено, TikTok се здружи со концептите на виртуелен оброк со цел оброците од популарни видеа да ги претвори во вистински јадења што корисниците можат да ги нарачаат. TikTok Kitchen ќе се отвори на 300 локации во САД во текот на следната година и планира да може да обезбеди услуги на повеќе од 1.000 локации до крајот на следната година.
Клиентите ќе можат да нарачаат јадења кои се вирални на TikTok, како печени фета тестенини, хамбургер, пченка, чипс од тестенини. Печената фета беше едно од најпребаруваните јадења на пребарувачот Google во текот на 2021 година, откако стана многу популарна на TikTok.
Не е познато дали TikTok ќе има постојано мени или временско ограничување. Но, засега се споменува дека ќе има повеќе креативци кои ќе го формираат менито. А првиот ресторан треба да биде отворен во март следната година.