ТикТок потврди дека ја тестира поддршката за платена претплата. На овој начин, креаторите на популарната платформа ќе можат да наплаќаат за содржината што ја објавуваат.
Компанијата не објави никакви детали за тоа кога функцијата би можела да биде достапна, колку креатори ја тестираат или како би можела да изгледа структурата на претплатата.
Ако функцијата биде прифатена, тоа ќе биде уште еден потег на ТикТок да им помогне на креаторите да ја монетизираат содржината што ја создаваат.
ТикТок претходно го претстави својот „Creator Next hub“со алатки за монетизација, а во декември минатата година овозможи да им се оставаат бакшиш на креаторите.
Објавата на ТикТок доаѓа набргу откако Инстаграм објави дека спроведува тестирање на опцијата за претплата за плаќање, за помал број креатори и инфлуенсери.