TikTok, социјална платформа позната по своите видео содржини, најави дека ќе нуди и објави само со текст, со што ќе стане конкурент на платформата Twitter.
Текстуалните објави на TikTok најмногу ќе наликуваат на слични понуди на платформата Инстаграм, која претходно овој месец ја лансираше апликацијата Threads, а која исто така треба да биде конкурент на платформата Twitter, пренесува француската новинска агенција АФП.
Како и Threads, кој е во сопственост на Meta, TikTok има корист од нејзината големина, со околу 1,4 милијарди активни корисници месечно, според специјализираната веб-страница Business of Apps, но за разлика од Meta, TikTok избра да ја интегрира својата нова функција само за текст во својата апликација наместо да лансира посебен производ, како што направи Меtа со апликацијата Threads.
Верзијата на социјалната мрежа TikTok ќе остане по „визуелна“ од објавите на платформата Twitter или апликацијата Threads, а корисниците ќе можат да додаваат обоена позадина, музика и налепници на објавата.
Компанијата во кинеска сопственост рече дека новиот формат ќе ги помести „границите на создавање содржина за сите на социјалната мрежа TikTok“ и ќе ја искористи „креативноста“ што се гледа во коментарите и натписите, соопшти компанијата.
Покрај апликацијата Threads, помалите платформи како Mastodon, Bluesky и Substack Notes се појавија како потенцијални ривали на платформата Twitter, но ниту една досега не ја симна од тронот и покрај нејзините проблеми.
Маск минатата недела изјави дека Twitter изгубил околу половина од приходите од реклами.