TikTok влегува во гејминг индустријата

од Vladimir Zorba
241 прегледи

TikTok планира да се пробие во индустријата за игри. Компанијата веќе тестира видео игри во Виетнам, според Ројтерс. Овој потег е дел од плановите за сериозен влез во гејмингот, велат експертите.

Вклучувањето на игри во платформата ќе ги поддржи приходите од реклами на кинескиот сервис и може да го зголеми времето што го поминуваат во апликацијата – една од најпопуларните во светот со над 1 милијарда активни корисници месечно.

Со своите млади луѓе кои се запознаени со технологијата, Виетнам е атрактивен пазар за социјалните мрежи како TikTok, Facebook, YouTube и Google.

TikTok, кој е во сопственост на кинеската ByteDance, планира да лансира повеќе понуди за игри во Југоисточна Азија, според извори цитирани од Ројтерс. Според нив, тоа би можело да се случи во третиот квартал од годинава.

Портпаролот на TikTok рече дека компанијата го тестирала објавувањето на HTML5 наслови, популарна форма на мини-игри, во својата апликација. За таа цел, таа работи со надворешни програмери и студија, како што е Zynga.

Но, за сега, гигантот одбива да ги коментира своите планови за Виетнам и неговите поголеми амбиции за игри.

Слични содржини