Тиктокер тврди дека е вонбрачен син на Кијану Ривс: „Не очекувам да ме признае“

од Nikola Popovski
827 прегледи

Дастин Тајлер, познатиот американски тиктокер, тврди дека актерот Кијану Ривс е негов татко.

Иако сличноста со актерот е очигледна, многумина не веруваат во приказната што ја објави на TikTok, а тоа е дека никогаш не го запознал својот татко, бидејќи мајка му му рекла дека починал.

Сепак, „неодамна конечно му признала дека Кијану му е татко“.

„Никогаш не реков дека татко ми ме напушти, туку дека мајка ми не му кажа дека е бремена кога раскинаа“.

Погледнете го Дастин:.

https://www.youtube.com/watch?v=FQnQZN86pYE

Холивудскиот актер не ги коментираше видеата што го преплавија Интернетот, а познато е дека е во врска со Александар Грант веќе една деценија.

Кијану пред 22 години доживеа трагедија кога неговата партнерка Џенифер Фер предвреме го роди девојчето Ава Арчер Фер Ривс, во осмиот месец од бременоста. Трагедијата ги погоди силно, па по неколку недели одлучија да раскинат.

Во април 2001 година, Џенифер загина во сообраќајна несреќа. Медиумите пишуваа дека таа во тој момент била под дејство на седативи кои и ги препишал нејзиниот лекар поради депресијата од која боледувала.

Слични содржини