Тиквеш го освои Купот на Македонија

од Milan1
628 прегледи

Фудбалерите на Тиквеш за прв пат го освоија Купот на Македонија. Исто така, оваа победа им овозможи на кавадарчани за првпат и да учествуваат во европските купови. Тие ќе играат во квалификациите во Конференциската лига.

Во финалето кое се одигра на Националната Арена националниот стадион „Тодор Проески“ во Скопје, Тиквеш ја победи Воска Спорт со 2:1.

Тиквеш поведе преку Кристијан Стојкоски, кој постигна одличен гол од слободен удар во 41. минута. По еден час игра, Бразилецот Луан Силва зголеми на 2:0, за голема радост на 10.000 навивачи кои од Кавадарци дојдоа во главниот град да го бодрат својот тим.

Голот за Воска го постигна Никола Саркоски во 77. минута, но охриѓани немаа сили да се вратат во мечот.

Со ова Тиквеш ја заокружи најуспешната сезона во клупската историја, во првенството овој тим го освои четвртото место.

Слични содржини