162
Победникот на фудбалскиот Куп на Македонија оваа година ќе се бара помеѓу Тиквеш и Воска откако овие две екипи денес се изборија за пласман во големото финале.
Екипите на Тиквеш и Шкупи одиграа интересен и возбудлив реванш-натпревар во полуфиналето од Купот на Македонија кој по регуларниот дел заврши без победник (0-0).
Патникот во финалето беше решен во пенал-рулетот кој го добија Кавадарчани со 5-3.
Во второто полуфинале иако Воска беше поразена на гости од Македонија ЃП со 2-1 сепак благодарение на победата од првиот меч игран во Охрди (2-0) се пласираше во финалето.