185
Состојки:
(за 2 лица)
– 2 големи тиквички
– 2 чешниња лук
– 1/2 лажичка сол
– 1/4 лажичка бибер
– 2 лажици маслиново масло
– 3 лажици рендан пармезан
– по прстофат суви билки: мајчина душица, босилек, оригано и рузмарин
– 2 лажици презла
Подготовка:
Обложете голем плех со хартија за печење и посипете го со презла.
Измијте ги тиквичките, исушете ги и исечете ги краевите. Исечете ги по должина на четири дела. Секое парче премачкајте го со маслиново масло и ставете ги едни до други на плехот за печење.
Измешајте рендан пармезан, издробен лук, сол, бибер и суви билки. Посипете ги тиквичките.
Тиквичките се печат околу 25 минути на 200 степени или додека не поруменат одозгора.