Тилев: Имаме се што е потребно да забрзаме длабоко со реформите, не чекајќи на дополнителни сигнали од Брисел

Имаме се што е потребно да забрзаме длабоко со реформите, не чекајќи на дополнителни политички одлуки или сигнали од Брисел или од било каде. Потребна е само политичка волја, институционален капацитет, координација и управување со процесот без загуба на енергија, средства и човечки капитал, изјави за „Локално“ експерт во областа, Драган Тилев. Тој смета дека реформите зависеле и секогаш ќе зависат само од нас.

од Бисера Трајковска
32 прегледи

Тилев, коментирајќи ја изјавата на Европската комесарка за проширување Марта Кос, посочи дека јавните настапи на членовите на Комисијата се секогаш со одредена цел, во случајов, поттикнување на порезолутни реформи во клучните сегменти на Владеењето на правото.

-Коментарите и јавните настапи на членовите на Комисијата, вклучително и на Комесарката Кос, се секогаш со одредена цел, во случајов, поттикнување на порезолутни реформи во клучните сегменти на Владеењето на правото. Поводот беше официјализирањето на овогодишниот извештај на Комисијата за состојбата со Владеењето на правото во сите земји членки на ЕУ, и на дел од земјите кандидатки, рече Тилев.

Според Тилев, за поздравување е фактот дека од минатата година, а и оваа, и ние сме дел од ЕУ механизмот за мониторинг на Владеењето на правото, преку детален и објективен извештај на Комисијата, со многу наоди и насоки за продлабочување и продолжување со реформите.

Како што појасни, реформите зависеле и секогаш ќе зависат само од нас.

Тој коментирајќи ја изјавата на Европската комесарка за проширување Марта Кос, посочи дека јавните настапи на членовите на Комисијата се секогаш со одредена цел, во случајов, поттикнување на порезолутни реформи во клучните сегменти на Владеењето на правото.

-Коментарите и јавните настапи на членовите на Комисијата, вклучително и на Комесарката Кос, се секогаш со одредена цел, во случајов, поттикнување на порезолутни реформи во клучните сегменти на Владеењето на правото. Поводот беше официјализирањето на овогодишниот извештај на Комисијата за состојбата со Владеењето на правото во сите земји членки на ЕУ, и на дел од земјите кандидатки, рече Тилев.

Според Тилев, за поздравување е фактот дека од минатата година, а и оваа, и ние сме дел од ЕУ механизмот за мониторинг на Владеењето на правото, преку детален и објективен извештај на Комисијата, со многу наоди и насоки за продлабочување и продолжување со реформите.

Б.Т.

ЕК загрижена за владеење на правото во Македонија: „Реформите зависат и ќе зависат само од нас“