Тим Кук за корисничките податоци, тероризмот и Белата куќа

од Vladimir Zorba
112 прегледи
Во последните години неретко сме сведоци на напади врз корисниците на технолошките компании во однос на безбедноста на личните податоци. Сосема логично, многу често најголемите компании во индустријата стануваат и цели на најсмелите и најсериозни обвинувања, а една компанија во текот на годините неспорно го почувствувала тоа на грбот. tim-cook-testify-635
Се разбира, станува збор за Епл, а причината е интервјуто на извршниот директор на компанијата, Тим Кук за Телеграф ИТ, каде тојповторно обиде да ги убеди потрошувачите дека неговата компанија внимателно ги чува нивните лични податоци, додавајќи дека „приватноста е основно човеково право“.
– Никој не треба да го прифати фактот дека влада или компанија, или кој и да е мора да има пристап до сите наши лични информации, изјави Кук. – Тоа е основно човеково право. Сите ние имаме право на неповредливост.
Кук изјави уште дека неговата компанија треба да ги чува и енкриптира податоците на своите корисници. Што се однесува до тероризмот, кој е класифициран како една од главните причини и основен мотив на владите на различни земји да си обезбедат пристап до податоци на корисниците на различни технолошки компании, Кук вели дека не верува дека тоа е решението за моќниците. Според него, на овој начин оправдано луѓето ја губат својата доверба во државните институции. Што се однесува до тероризмот, Кук е категоричен. Според него, „овие луѓе не треба да постојат“ и „тие треба да бидат елиминирани“.
Интервјуто и коментарите на Тим Кук беа направени недели по неговата посета на Белата куќа, каде што тој ја заштити политиката на Епл да ги енкриптира стандардно своите уреди. До ова дојде откако владини агенции, како што се Агенцијата за национална безбедност, истакнаа дека енкрипцијата им помага на криминалците да остануваат неоткриени.