Тимберлејк ја принудил Бритни да абортира: „Тој не сакаше деца“

од Vladimir Zorba
297 прегледи

Во мемоарите „Жената во мене“, поп-иконата Бритни Спирс реши со светот да ги сподели „валканите алишта“ од врската со Џастин Тимберлејк. Таа откри дека пејачот не сакал да има деца и дека поради тоа била принудена да абортира.

По разделбата на бракот со Сем Асгари, Бритнис реши да ги објави своите мемоари во кои ќе открие како изгледа животот на поп принцезата.

Дека животот не ја разгалил, Спирс сподели со своите фанови и им ги откри тајните кои ги чувала дури и со децении. Меѓу нив е и болно искуство кое го криела 20 години.

На почетокот на 2000-тите, Бритни беше во врска со Џастин Тимберлејк, а сега ја откри долго чуваната тајна на нивната врска, која остави огромна трага кај пејачката која тогаш беше во рани дваесетти.

Во своите мемоари, таа призна дека забременила за време на нивната врска, но доживеала спонтан абортус: „Беше изненадување, но не беше трагедија за мене. Толку многу го сакав Џастин. Отсекогаш очекував дека еден ден ќе имаме семејство заедно. Едноставно беше многу порано отколку што очекував“, напиша Спирс, откривајќи дека Тимберлејк е тој што не сакал пејачката да го роди неговото дете: „Џастин дефинитивно не беше среќен поради бременоста. Тој рече дека не сме подготвени да имаме дете во нашите животи, дека сме премногу млади“.

Бритни денес е мајка на два сина, но во книгата признала дека не е сигурна дали тогаш ја донеле вистинската одлука.

„Не знам дали тоа беше вистинската одлука. Да беше до мене, никогаш немаше да го сторам тоа. А сепак Џастин беше толку сигурен дека не сака да биде татко“, напиша таа.

Спирс го опиша искуството како едно од најстрашните работи што ги доживеала во животот, а повеќе детали за нивната врска ќе бидат откриени во мемоарите објавени на 24 октомври преку Gallery Books, издавачка куќа Simon & Schuster.

Слични содржини