Тимберлејк откри дека добил второ дете и го откри неговото име

од Stefanija Kuzmanovska

Поп-sвездата Џастин Тимберлејк конечно потврди дека тој и Џесика Бејл го добиле второто дете минатата година.

Гостувајќи во шоуто на Елен Деџенерис, Тимберлејк рече дека тој и Џесика се воодушевени од доаѓањето на новото бебе, кое го нарекле Фајнс.

„Тој е прекрасен и толку сладок. Воодушевени сме и не можеме да бидеме посреќни. Ние сме многу благодарни “, рече пејачот.

Деџенерис беше една од ретките луѓе што знаеја дека Бејл е повторно бремена.

„Мислам дека разговаравме на Фејсбук кога ме прашаа дали можам да чувам тајна. Тогаш Џесика влезе во кадар, држејќи ги рацете на стомакот“, рече Елен.

Двојката не ја коментираше бременоста ниту породувањето, се до денес.

Слични содржини