Тимошенко позира со оружје: „Руски бродови е*ете се“ (ФОТО)

од Nikola Popovski
328 прегледи

Поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко денеска на својот Инстаграм профил објави фотографија на која се гледа како држи автоматско оружје во рацете.

На фотографијата Тимошенко позира со пет мажи, сите вооружени.

Пораката со фотографијата е исто така многу јасна: „Украина ќе пружи отпор. Руски воени бродови, е*ете се!“

Да потсетиме, Тимошенко важеше за хероина на Портокаловата револуција и се сметаше за најистакната политичка фигура во земјата.

Таа во два наврати е поранешен премиер на Украина. Таа првпат беше избрана за премиер на 24 јануари 2005 година и остана на функцијата до 8 септември 2005 година, кога Јушченко ја распушти нејзината влада.

На предвремените парламентарни избори во 2006 година, нејзината партија освои 129 пратеници во украинската Рада и стана втората најсилна партија по Партијата на регионот. Тимошенко и Јушченко повторно се обидоа да формираат коалиција, но преговорите не успеаја.

 

Слични содржини