Тина Тарнер била на работ на смртта, еве кој ѝ го спасил животот (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
411 прегледи

Музичката дива Тина Тарнер беше на работ на смртта во 2016 година.

Имено, тогаш нејзините бубрези работеле само со 20 проценти, поради што морала или да оди на доживотна дијализа или на трансплантација.

Тогаш нејзиниот сопруг, музичкиот директор Ервин Бах решил да ѝ донира бубрег и воодушеви многумина со овој потег.

Двајцата беа оперирани во 2017 година, се помина во најдобар ред и денес уживаат во својата љубов.

За сето тоа Тина напишала и во својата автобиографијата „Мојата љубовна приказна“.

„Во тој момент само трансплантацијата ми даваше добри шанси за речиси нормален живот. Но, шансите да добијам донорски бубрег беа мали. И еве ме, тука сум. И двајцата сме тука, поблиску отколку што може да се замисли“, напиша Тина.

Слични содржини