Тина Тарнер изгуби два сина: Едниот се самоуби, а другиот…

од Stefanija Kuzmanovska
318 прегледи

Пејачката Тина Тарнер почина вчера на 83-годишна возраст.

Пејачката во нејзиниот живот доживеа неколку трагедии, но две се издвојуваат како најголеми.

Помладиот син на Тина, 62-годишниот Рони, пред неколку месеци бил пронајден мртов во својот дом во Лос Анџелес, објавија странските медиуми.

Неговото тело го пронашле соседите, а причината за смртта се уште не е соопштена. Познато е дека Рони се борел со ракот.

Тина тогаш се огласи на Инстаграм во врска со трагедијата.

„Рони го напушти светот толку рано. Тажна сум. Ги затворам очите и мислам на тебе, мил мој сине“, напиша таа покрај црно-белата фотографија.

За потсетување, нејзиниот најстар син Крег се самоуби во јули 2018 година. Работел како продавач на недвижнини, а се самоубил во својот дом кога имал 59 години.

Слични содржини