Тина Тарнер полни 80 години: Да се потсетиме на нејзините најмоќни цитати

од Elena Daskalova
442 прегледи

Тина Тарнер, еден од најмоќните вокали во последниов век, која е инспирација и пример за многу нејзини колеги и соработници, денеска, на 26 ноември, наполни 80 години.

Во текот на нејзиниот живот таа преживеа насилна врска, рак, проблеми со работата на бубрезите, но никогаш не го изгуби силниот животен дух и желбата да снима и настапува.

По тој повод, да се потсетиме на некои од нејзините најмоќни цитати:

„Ако нешто те прави несреќен, што и да е тоа, ослободи се од него. Тогаш ќе ја најдеш својата слобода, својата креативност, ќе излезе вистинскиот ти.“

„50 се новите 30. 70 се новите 50. Нема правила кои кажуваат како треба да бидеш облечена. Живееме во возбудливо време за жените.“

„Немав никој, никаков капитал во животот, па морав да го создадам сама од почеток. Морав да излезам и да бидам силна, за да ја откријам мисијата на мојот живот.“

„Мојата најголема тајна за убавината е да сум среќна со себе. Грешно е да мислиш дека тоа зависи од она што го ставаш на себе. Верувам дека тоа како изгледаш зависи од она како се чувствуваш во врска со себе.“

„Никогаш нема да ѝ се предадам на староста, освен кога ќе бидам навистина стара. А уште не сум.“

Слични содржини