Тиндер се повлекува од Русија

од Stefanija Kuzmanovska
290 прегледи

Платформата за онлајн запознавање Tinder ќе работи во Русија до 30 јуни, по што ќе престане со работа, беше објавено денеска на веб-страницата на компанијата Match Group.

„Нашите брендови преземаат чекори за ограничување на пристапот до нивните услуги во Русија и ќе го завршат своето излегување од рускиот пазар до 30 јуни“, се вели во соопштението, пренесе ТАСС.

Tinder работи преку мобилни апликации за паметни телефони.

Match Group, покрај Tinder, ги поседува и Match.com, Meetic, OkCupid, Hinge, PlentyOfFish, Ship и OurTime.

Слични содржини