218
Вчера загинаа пет лица во Северна Каролина, а напаѓачот е 15-годишен тинејџер, соопштија локалните власти.
Тинејџерот е хоспитализиран и се наоѓа во критична здравствена состојба.
„Жртвите се меѓу 16 и 52 години, а меѓу нив има и полицаец кој не бил на должност“, вели началничката на полицијата во Роли, Естела Патерсон.
Засега не е познат мотивот за убиството на петте лица во Роли, Северна Каролина.