Тинејџерка заработи милион долари од продажба на NFT

од Vladimir Zorba
357 прегледи

14-годишно девојче од САД успеа да продаде непреносливи токени (NFT) базирани на нејзини цртежи, за вкупно 1 милион долари, пишува онлајн изданието CoinQuora.

Абигејл дојде до идејата благодарение на нејзиниот брат, кој и објаснил како функционира блокчејн системот на NFT. Таа создаде свои токени наречени Belugies – именувани по белиот кит белуга. Нејзината инспирација дошла откако видела морски цицач како живее во аквариум.

Тинејџерката создала колекција од преку 8.000 NFT слики на белуги, кои ги насликала главно на нејзиниот iPhone 8. Потоа, со помош на нејзиниот 25-годишен брат Адам, таа го напиша програмскиот код кој создава уникатни украси на електронските токени.

Ги продава на електронската платформа Alpha Art за криптовалутите Solana, а нивната почетна цена е 0,8 SOL. Токените беа купени буквално за 10 минути откако беа објавени на платформата, а 0,8 SOL се разменуваше за 160 долари во тоа време.

Абигејл собра повеќе од 1 милион долари од трансакцијата, во исто време префрли 200.000 од нив на добротворната организација Sunshine Kids, која им помага на децата заболени од рак.

Друг дел од приходите пак оди за организација која помага во заштитата на белугите.

Слични содржини