44
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Х.П.(18), К.С.(20), Т.М.(19), А.С.(18) и Д.А.(19) сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „овозможување на употреба на наркотични дроги“.
– На 22.07.2024 во Охрид, полициски службеници извршиле преглед над пријавените, при што пронашле и одзеле амфетамин, таблета MDMA, марихуана и дробилка со остатоци од марихуана, информираат од МВР.
На пријавените им била изречена мерка притвор во траење од 30 дена.