Снимката на обраќањето на Бајден предизвика бројни коментари на социјалните мрежи, а некои алудираа на тоа дека Бајден повеќе не може да ја „држи нишката“.
Начинот на кој американскиот претседател eо Бајден избегна да го спомене името на Лојд Остин, американскиот министер за одбрана, ги натера корисниците на социјалните мрежи да мислат дека Бајден има „пауза на мозокот“, односно дека има проблем со деменција.
Претседателот објави во Белата куќа номинација на две жени, генерали, кои треба да преземат важни функции во синџирот на команда, кога одеднаш ја „изгуби нишката“.
– Сакам да му се заблагодарам на поранешниот генерал. Постојано го нарекувам генерал, до мојот … овој човек што носи униформа таму – рече Бајден и се верува дека мислел на Остин и Пентагон.