Република Гватемала е земја во Северна Америка, која се граничи со Тихиот Океан, Карипско Море, Мексико, Белизе, Хондурас и Ел Салвадор. Името ѝ доаѓа од јазикот нахуат и значи “место со многу дрвја”.0b720792a92c9516069f0161218197da

Ви ја претставуваме најубавата оаза меѓу овие дрвја – “Semuc Champey”. Ова место е скриено во џунглата на Алта Верапас, на околу 11 километри јужно од античкиот град на Маите Ланкуин.

Името на зашеметувачкото природно чудо “Semuc Champey” значи “света вода” на јазикот на Маите. Тоа е природен варовнички мост, широк околу 300 метри, а под него поминува реката Cahabon.

На врвот на мостот има серија од степенести базени и мини водопади. Водата е кристално чиста и тиркизна боја.