ТИРЗ: 1.600 вработувања од почетокот на годинава

од Vladimir Zorba
350 прегледи

Бројот на вработени во ТИРЗ продолжува да расте, а месечната анализа покажува дека во септември компаниите во зоните достигнале највисоко ниво на извоз во последниве пет години.

„Податоците кои за првпат ги имаме во зоните покажуваат дека само во септември кај компаниите имаме извоз од речиси 500 милиони евра што е највисоко ниво досега и нето извоз од 13%. Истовремено само годинава имаме раст на вработените од 12%, односно само од јануари до сега 1600 наши сограѓани се вработиле во овие компании. Ова не се само бројки и статистики, туку се реални ефекти од новиот концепт на ТИРЗ кој се фокусира на инвестиции кои носат додадена вредност и добрата деловна клима во државата“, изјави Јован Деспотовски, директор на ТИРЗ на денешниот брифинг со новинарите.

Само во септември во компаниите во зоните се отворени над 300 нови работни места, со што вкупниот број на вработени порасна и достигна 15.600.

Слични содржини