Денес во 12 часот се случи последното збогување со Мирела Резо (19), девојчето кое почина на новогодишната ноќ во село во близина на Посушје, во БиХ, поради последиците од труење со јаглерод моноксид.
На погребот, кој заврши, присуствуваа стотици луѓе, но на гробиштата завладеа болна тишина, пишува Аваз.ба.
Свештеникот кој го водел погребот рекол „дека сите завчера биле обвиени во тага“.
Бог сакаше, изјави тој, да ги покани нашите млади души, да ги собере најубавите цвеќиња на Херцеговина и да ги премести во неговата небесна градина.
„Никогаш нема да добиеме одговор зошто“, рекол свештеникот на погребот.
Осум млади животи се изгубени како последица од труење додека ја чекаа Нова година во викенд куќата на еден од починатите во Трибистово. Сите починати се иста генерација родени 2001 година.
Според Вечерњи лист, починале Иван Миличевиќ (роден 2001 година во Посушје, живеалиште во Поклечани), Стипе Ромиќ (роден 2001 година во Посушје, престојувал во Поклечани), Мирела Резо, родена 2001 година во Швајцарија, престојувала во Посушје, Жана Павковиќ, родена 2001 година во Сплит, живеалиште во Врпоље, Посушје), Миа Солдо (родена 2001 година во Сплит, живеалиште во Сутина, Посушје), Стипе Павковиќ (роден 2001 година во Мостар, живеалиште во Врпоље, Посушје) Марија Павковиќ (родена 2001 година во Сплит, живеалиште во Врпоље, Посушје), Стјепан Јукиќ (2001 година во Мостар, престојуваше во Батин, Посушје).