Тишина!- медиумскиот холдинг РБК – жртва на Кремљ…

од desk3
91 прегледи

 

Бројот на квалитативните либерални и независни медиуми во Русија се намалува од ден на ден. Последниот случај е холдингот RBK кој објавува новинарски истраги во врска со аферата “Панама пејперс”-пишува DW.

Политика или бизнис? Тоа е најчесто дискутирано прашање кога станува збор за кадровски промени во раководството на некоја влијателна медиумска куќа во Русија. Случајот со медиумскиот холдинг RBK не прави исклучок.

0,,19258250_303,00

Од пред неколку дена сите погодуваме зошто тројца водечки новинари го напуштаат холдингот. Генералниот директор Николај Молибог соопшти дека главната уредничка Елисавета Осетинскаја, главниот уредник на истоимената новинска агенција и главниот уредник на печатено издание на групата го напуштаат холдингот. Официјалната верзија гласи дека нивното видување за иднината на холдингот се разминува со тоа на раководството .

Наместо политички мотиви

Заменик-министерот за телекомуникации Алексеј Волин изјави дека во основата на промената стоеле економски причини. Исто и портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков отфрли каква било интервенција од страна на Кремљ. Поранешната главна уредничка Елисавета Осетинскаја првично молчеше, но подоцна спомена за политички мотиви. Во интервју за британскиот “Фајненшл Тајмс” таа изјави дека притисокот врз холдингот се зголеми по информациите за аферата “Панама пејперс”. Во публикациите, меѓу другото, станува збор и за офшор зделки на познатиот Сергеј Ролдугин кој е близок пријател на рускиот претседател Владимир Путин.

Агенција Ројтерс смета дека има и друга причина: во една од информациите на RBK станува збор за огромна фарма за остриги во близина веројатна “путинова палата” во Геленџик на Црното Море. Според Ројтерс, тоа “била последната капка која ја прелеала чашата”.

Многу новинари, меѓу кои и претседателот на московската новинарска унија Павел Гусев, исто поаѓа од политички мотиви за отстранување на тројцата водечки уредници. Претседателот на претседателскиот Совет за човекови права Михаил Федотов вели дека не верува дека отпуштањата да се од економска природа.

Притисок врз сопствениците

Случајот со RBK предизвика големи немири, бидејќи станува збор за една од последните големи, и релативно независни, медиумски групации во една земја каде што државата доминира врз медиумската средина. Кратенката RBK доаѓа од RosBusinessConsulting.

Основан во 1993 година холдингот е водечки во сферата на економските информации и е медиумски партнер на Дојче веле. Според податоците на холдингот, неговите телевизиски економски емисии достигнуваат до над 20 милиони гледачи месечно. Ќерката на убиениот во 2015 година опозициски лидер Борис Немцов, Жана Немцова, исто работела во овој холдинг.

Од 2010 година медиумската група е сопственост на рускиот милијардер Михаил Прохоров, кој се кандидираше за претседателската функција во 2012 години и успеа да освои милиони гласови со либерална реторика. Во последните неколку недели фирмите на Прохоров беа подложени на силен притисок. Властите претресоа многу од неговите канцеларии под сомневање за даночно затајување. Имашесе гласини дека Кремљ притиска инвеститорот да го продаде RBK.

0,,15636406_401,00

Ништо чудно уредничката политика на RBK всушност да се промени и критиките против Кремљ да пстивнат. И тоа нема да е прв случај од ваков вид. Најпознатиот пример е од пред десет години, кога во 2001 година државниот монопол Газпром го купи саканиот и влијателен телевизиски канал NTW. На силен притисок беше подложен и водечкиот руски приватен онлајн-весникот Lenta.ru. Неговата главна уредничка Галина Тимченко беше отпуштена во март 2014 година. Пред тоа властите го предупредија онлајн-изданието по повод интервју со еден од лидерите на украинскиот екстремистички “Десен сектор”. Многу експерти видоа во разрешувањето на Тимчеко “јасно политичко решение”. Голем број нејзини колеги потоа поднесоа оставки во знак на солидарност.

Останаа ли воопшто критични медиуми?

Со RBK уште повеќе се намалува бројот на и без тоа ретките либерални и критични на управувањето медиуми во Русија. Остануваат само неколку печатени медиуми, како “Московскаја газета” и онлајн-порталот Snob.ru кои донекаде ја пополнуваат дупката. Релативно толку големо политичко влијание и сличен обем на дистрибуција како RBK имаат уште радио “Ехото на Москва” и телевизиски канал “Дожд”. Радиото е сопственост на Гаспром и многу уредници стравуваат од кадровски промени и затворање на цели редакции.

Генерал Касем Сулејмани – херој од легенди и причина за страв кај терористите

Приватниот телевизиски канал “Дожд”, кој исто така е партнер на Дојче веле, беше пред затворање во 2014 година – тогаш му беше одземена кабелската лиценца. Оттогаш тој се обидува да преживува како платена телевизија на интернет. На крајот на 2015 година неговиот главен уредник Михаил Сјугар изненадувачки поднесе оставка – сакал да се посвети на други проекти, најави тој. Се зборува сепак дека Сјугар бил принуден да ја напушти позицијата, заради негова критична книга против Кремљ.