Прекрасна вила во Њујорк, попозната како замокот на Јосип Броз Тито, е продадена за 50 милиони долари.
„Douglas Elliman Real Estate“ објави дека нивниот агент Тристан Харпер ја продал оваа историска палата од 20.000 квадратни метри лоцирана на Петтата авенија 854 на Менхетен.
Харпер истакнал дека претседателот на поранешна СФРЈ, Јосип Броз Тито, „иако комунист, имал исклучителен вкус за недвижнини“.
Купувачот, бизнисмен од Лондон, ги платил сите трансакциски трошоци во готово.
Мермерниот замок, дизајниран во 1903 година од архитектите Ворен и Ветмор, беше прогласен за индивидуално обележје на Њујорк во 1969 година, поради „импресивната чистота на стилот изведен со таков финес и авторитет“.
Резиденцијата има 32 големи соби и 12 бањи распоредени на девет нивоа спроти Централ парк.
Погледите од 10 соби свртени кон паркот вклучуваат некои од најпознатите згради. За време на Студената војна, наводно имало соба на врвот на зградата која никој не можел да ја прислушува, а имало и прозори отпорни на куршуми свртени кон Петтата авенија.
Повеќето од оригиналните детали на куќата останаа недопрени до ден-денес, вклучително и две прекрасни француски таписерии од 18 век над големите скалила, 17 камини, рачно насликани тавани кои потсетуваат на стара Европа, два лифта…
Продавачот на вилата, која ја користеше и Постојаната мисија на Србија во ОН, се петте држави наследнички на поранешната Социјалистичка Федеративна Република Југославија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Северна Македонија и Србија, а вилата е купена од компанија со адреса во Њујорк.
London-Based Businessman Pays $50 Million Cash for Gilded Age Mansion in New York – The Wall Street Journal https://t.co/zgkfdxs7Tg
— Regi Bonner (@regibonn) September 29, 2022
Фото: Profimedia