Земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во 9.16 часот во Грција, на Санторини каде е прогласена вонредна состојба по серијата силни земјотреси кои со денови го потресуваат островот, принудувајќи илјадници луѓе да се евакуираат.
Епицентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓал на длабочина од приближно 10 километри под површината на земјата.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.
Претходно, земјотрес со јачина од 3,4 степени беше регистриран во 8.33 часот. а две минути пред тоа земјотрес со јачина од 3 степени. Истата магнитуда на земјотресот е забележана и во 7.54 часот. И нешто по 19 часот земјотрес со јачина од 3,4 степени.
Од полноќ на Санторини се регистрирани повеќе од 20 земјотреси.