„Тој ја изневери“: Меган Фокс и Машин Ган Кели фотографирани пред канцеларија на брачен советник (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
321 прегледи

Ширум светот се рашири веста дека Меган Фокс и Машин Ган Кели наводно ја раскинале свршувачката поради неговата прељуба, но ситуацијата е потурбулентна отколку што се мислеше.

Имено, како што пишува „Дејли мејл“, папараците ги фотографирале актерката и музичарот како напуштаат канцеларија на брачен советник во Калифорнија.

Додека излегувала од зградата со Кели, Меган била многу напната, а музичарот одел зад неа и изгледал многу збунето.

Според гореспоменатиот медиум, оваа двојка поминала два и пол часа со брачен советник.

„Тие официјално не ја раскинаа свршувачката, но Меган го извади вереничкиот прстен. Имаа проблеми во минатото, но работите овојпат изгледаат доста сериозни“, рекол изворот кој додал дека причината за конфликтот на парот не е прецизирана.

Инаку, Меган ги отстрани сите заеднички фотографии од Инстаграм, а потоа објави фотографија на која пали писмо, па многумина се посомневаа дека Кели ѝ го напишал истото.

Под објавата се појавија различни коментари, па фановите напишаа како Кели ја изневерил Меган со Софи Лојд, гитаристката на неговиот бенд.

Слични содржини