Тоа е културата- Европејците и Американците поинаку ги оценуваат квалитетите на политичарите

од desk3
141 прегледи

 

Во Германија еден политичар и кандидат за претседател покажа среден прст – и пропадна. Во САД Доналд Трамп засега има успех со предизвикувачко однесување.

0,,18585484_303,00

Доналд Трамп сака да стане претседател на САД. За Американците ова не звучи којзнае колку чудно, но за многу Германци и Европејци тоа е само надвор од разумот. Човек без никакво политичко искуство, кој се стреми кон највисоката функција во државата, го покажува јавно своето богатство и си прави шегим со заробеништвото на Џон Мекејн за време на Виетнамската војна … Европејците директно го губат умот и зборот. Та нели најмногу скандалозната политичка личност во ЕУ за последните години беше само еден министер за финансии, кој безопасно возеше мотоцикл. Зошто во ЕУ Јанис Варуфакис поминува за нешто неприфатливо, додека Доналд Трамп води во анкетите за кандидат на републиканците за претседател на САД? Европејците и Американците поинаку ги оценуваат квалитетите на политичарите, објаснува Кристофер Срмак, американски новинар во Берлинскиот онлајн-издание “Ханделсблат Глобал”. “Трамп доаѓа од бизнисот и поминува како човек кој ја зборува вистината во политиката” – вели Срмак. “Луѓето во САД ги сакаат шарените, необични кандидати, додека Европејците преферираат воздржувачки тип политичари.”

Медиумите сакаат луѓе како Трамп

Доналд Трамп без сомнение е шарена фигура. Мултимилијардерот е познат по својот бизнис-успех и со едно телевизиско реално шоу, каде кандидатите се борат за служба во неговата империја со годишна плата од 250 илјади долари. Кога ја обелодени својата претседателска кандидатура во елегантниот облакодер на Петтата авенија во Њујорк- “Трамп Тауер”, милијардерот излезе на сцената со ескалатор. И воопшто – тој сака да е скромен, а на медиумите особено ми се допаѓа поради солените реплики.
Трамп изјави, на пример, дека го поседува бутикот “Гучи”, кој чини повеќе од Мит Ромни, претседателскиот кандидат на последните избори. Но ова тврдење е нешто релативно безопасно. Доста проблематични му беа изјавите на адреса на мексиканските емигранти: “Тие внесуваат дрога, тие внесуваат криминал, тие се силувачи. Па, претпоставувам дека меѓу нив има и добри луѓе “- приближно така се изрази Трамп. “Медиумите сакаат луѓе како него” – објаснува Кристијан Ламерт, професор по американска политика во САД и во Германија. Срмак го мисли истото: “Трамп го бива да произведува дебели наслови.”

0,,18515986_401,00

Во САД медиумите ја одразуваат политиката на различен начин во споредба со Германија. Во САД има два јасно одделени кампуси, бидејќи дека луѓето со левичарски или со конзервативни убедувања едноставно го избираат оној канал кој им одговара. “Слика како Трамп има успех во еден поларизиран медиумски пејзаж, бидејќи медиумите или го обожаваат, или го осудуваат” – објаснува Ламерт. Европските медиуми во голема мера ги делат истите вредности и ставови, додава Срмак, поради што и мислењето за Трамп е приближно еднакво: негативно. “Европејците се фаќаат за глава, дека човек кој зборува такви монструозни работи, може да поминува за сериозна политичка фигура во САД” – вели Срмак. “Тоа Европејците и особено Германците воопшто не го разбираат.”

Феноменот “неполитички политичар”

Во Европа да си политички неискусен е нешто непристојно, додека во САД под одредени околности може да биде дури и плус, објаснува новинарот.На Американците им се допаѓаат луѓе кои не се дел од естаблиѓментот и го гледаат Трамп токму така, споредувајќи го со Хилари Клинтон или со Џеб Буш, на пример, во чие семејство веќе има тројца претседатели на САД.

“Ние во Европа сеуште не го знаеме феноменот” неполитички политичар “” – додава Ламерт. “Кај нас има популисти како Жан-Мари Ле Пен или Алексис Ципрас, кои како личности добиваат големо внимание, но како политички програми доста издишаа. Кај Доналд Трамп во САД работите стојат сосема поинаку. ”

Во последните години во Германија само еден политичар се обидел да се држи повеќе предизвикор – и е неуспешен. Пред изборите во 2013 кандидатот на социјалдемократите Пеер Штајнбрук често користеше доста остар јазик, а во интервју за големо списание на насловната дури покажуваше среден прст. Ова не им се допадна на луѓето кои го прифатија како вулгарен, како детински гест. Но Штајнбрук загуби изборите не само поради тоа. Да видиме што ќе се случи со Трамп во САД.