Данијела Димитровска и Огњен Амиџиќ неодамна ставија крај на бракот, по десет години поминати заедно.
Таа сега за српски „Курир“ ги откри деталите од целиот процес и рече дека ја разбира потребата да пишуваат за овој период од нивниот живот бидејќи тие се јавни личности.
„Разводот е една од најболните работи што може да им се случи на луѓето. Во мојот најтесен круг на пријатели, кога се шегувам, велам дека тоа е смрт без умирање. Навистина боли, кога ќе умреш тоа е крајот, а ова боли. Се додека не помине, тоа боли, а никогаш не знаеш кога ќе престане, нема потпишана хартија за тоа. Се работи за правото на избор и благодарност на Бога затоа што имаме право да избереме со кого ќе се венчаме, разведеме итн“, рече таа.
Манекенката изјавила дека сето тоа многу ја боли и не знае кога ќе престане. Таа открила и дека потекнува од патријархално семејство, и дека нејзините родители се заедно 37 години.
Таа во оваа прилика навела и дека одлучила да се разведе по долго размислување и дека таа одлука ја донела кога била целосно сигурна дека тоа е вистинскиот избор.
Да потсетиме, тие во јули минатата година објавија заедничко соопштение во кое открија дека ставиле точка на нивниот десетгодишен брак.