Легендарната пејачка Тина Тарнер почина вчера на 83-годишна возраст.
Според нејзиниот портпарол, таа починала по долго боледување во нејзиниот дом во близина на Цирих, Швајцарија, каде што го поминувала поголемиот дел од своето време.
Пејачката ја одбележа рокенрол музиката и беше првата жена која се занимаваше со овој жанр.
Некои од најголемите хитови на Тина се „Simply The Best“, „Proud Mary“, но и „What’s Love Got to Do with it“ – песна која воопшто не ѝ се допаднала.
Имено, во документарецот за Тина Тарнер на платформата HBO Max, кој е снимен во 2021 година, познатата пејачка откри дека не ѝ се допаѓа оваа песна која ѝ донесе награда „Греми“ и која се наоѓа на нејзиниот легендарен албум „Private Dancer“ .
„Тоа беше ужасна и грозна песна. Јас бев рокерка, а ова беше поп песна“, наведе Тарнер во документарецот.
Меѓутоа, нејзиниот тогашен менаџер Роџер Дејвис бил воодушевен од оваа песна и мислел, а се покажало како точно, дека оваа песна ќе стане хит.
„Јас ја променив таа песна и ја направив своја“, објаснила познатата пејачка.