Тоа го може само Израел- ги шпионирале нуклеарните преговори на САД со Иран?

од desk3
107 прегледи

Израел ги шпионирал тековните преговори на САД со Иран за изгледите на иранската нуклеарна програма со цел да ги убеди членовите на Конгресот да се противат на договорот, соопшти Фокс њус.

0442490001380633038_463807_600x458_actualno

Според публикација во “Волстрит џурнал” напорите за лобирање на Израел ги налути службеници од администрацијата на Барак Обама, соопштил еден административец за весникот , по што следувало сериозно поместувале.

“Едно нешто е САД и Израел да се шпионираат еден друг. Сосема друго е Израел да ги украде тајните на САД и да ги поднесе назад на американски пратеници, за да нанесе удар на американската дипломатија”, изјавил за весникот висок американски претставник.

Друг вработен дополнил дека Израел е е една од најпознатите земји која најагресивно ги шпионира САД , заедно со Русија, Кина и Франција. Тоа било негирано од израелски претставник кој коментирал дека “обвинувањата се јасно насочени кон подривање на тесните врски меѓу САД и Израел, како и соработката во областа на безбедноста и разузнавањето”.

Според “Волстрит џурнал” Израел го негирал шпионирањете на американски претставници за време на преговорите, бидејќи се потпирале на други методи, вклучувајќи и информации за иранскиот преговарачки тим, како и информации од европски извори за преговорите, особено од Франција, чија позиција е оценувана како најблиска до онаа на Израел.

Публикацијата во “Волстрит џурнал” се појави во момент кога израелскиот министер за стратешките дела беше цитиран од Ројтерс како вели дека неговата земја е убедена дека т.н. Сили 5 + 1 ќе се согласат со “лоша, недоволна зделка”. “За жал е премногу можно тоа да се случи”, изјави Јувал Штајниц во Париз, каде требаше да се сретне со француски претставници, со кои ќе разговара за текот на преговорите. Крајниот рок во кој двете страни треба да се договорат за рамката на постојан договор истекува на крајот на месецот, а конечниот договорот треба да биде готов до крајот на јуни.

“Волстрит џурнал” објави дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и амбасадорот во САД Рон Дернер се договориле за лоби кампања на Конгресот малку по постигнувањето на привремен договор во ноември 2013 година

Кога преговорите беа обновени минатата година, членовите на американскиот преговарачки тим предупредија дека е можно Израел да бара пристап до нивните комуникации. Американски претставници, исто така,му дадоа доверливи брифинзи на Израел за развојот на разговорите, но тоа подоцна беше прекинато поради загриженоста на Белата куќа за истекување на деликатни информации.

Дернер за прв ги пат посети САД на 21 јануари, во истиот ден кога претседателот на Комората Џон Бонар го покани Нетанјаху да се обрати до конгресот во врска со иранската нуклеарна програма. Портпаролот на израелската амбасада соопшти дека разговорите во јануари не бележат започнување на посебна кампања и додаде дека дадените информации од Дернер биле добро познати на преговарачките страни. Изгледа кампањата имаше спротивен ефект, делумно поради контрадикторноста околу говорот на Нетанјаху на 3 март. Неколку конгресмени од Демократската партија рекоа дека говорот од Нетанјаху по поканата на Бонар е во кршење на протоколот.