Точно или не? Ако сакате секс, не се женете

од Vladimir Zorba
91 прегледи

Брачните двојки поретко се оддаваат на интимни страсти во споредба со партнерите кои не се “впрегнати на брачниот јарем”.

Во тоа веруваат специјалисти од САД, цитирани од Daily Express. Научниците се повикуваат на статистиката, која не е во поддршка на паровите кои си рекле “да”.

Според извештајот на американскиот Национален центар за здравствена статистика, само четири години откако ќе склучат брак, дури 48 проценти од жените се уште сакаат редовно да бидат интимни со своите сопрузи.

Податоците ги поддржуваат и резултатите од минатогодишното истражување, според кое современите жени губат интерес за редовниот секс уште на почетокот на семејниот живот.