Тодор Кулаков: Монструмот кој ја прегази Фросина се обидуваат да го сместат во друга институција

од Milan1
2,2K прегледи

Тодор Кулаков, таткото на Фросина која настрада во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје, во „Тема на денот“ на телевизија Сител се заблагодари на сите кои ги поддржале за време на протестот но и на некои институции кои први изреагирале на како што рече „оваа наша голема мака“.

– Она што особено ни паѓа тешко кога нашата ќерка така еднаш свирепо е убиена , веројатно поради тоа што таков како што ни е системот ќе треба уште стопати таа да умира и ние со неа. Последно сознание кое што стигна до нас е дека сакаат таквиот монструм да го претстават дека е шекнат од болка, а тоа е бидејќи им ги земаат телефоните, не можат да комуницираат, па сакаат да го префрлат во некоја друга институција, како на пример лудница каде ќе може слободно да комуницираат.

Тој апелираше тоа да се спречи и според него ова е уште еден доказ дека ниту тој ниту родителите не покажуваат никакво каење.

Кулаков потенцираше дека по трагичниот настан се чекало три сати да дојде обвинител.

За судијката Алексовска рече „Подеднакво на душа ја има ќерка ми како и директниот извршител“.

Побара одговорност и за родителите. Додека за лицето кое ја прегазило Фросина доживотен затвор и најави масовни протести се додека правдата не биде задоволена.

Слични содржини