За да ја сокријат немоќта, безидејноста и брзоплетоста, па збунети, извикувајќи да живее Заев, сфаќаат дека ни на тоа веќе никој од присутните не им реагира, пишува во својата колумна за „Дојче Веле“, Никола Тодоров.
-Во Штип се случи нешто што никогаш не се случило, ниту пак ќе се случи. Се случи едно интересно штипско чудо. Во Штип на 13 декември, загуби ВМРО-ДПМНЕ, а победи нејзиниот се уште актуелен претседател Мицкоски. Партијата го продаде Штип ама тој се спаси. Штип отиде курбан за спас на кожата на лидерот. Битката за спас на фотељата во дворецот беше замаскирана со добро позната тактика на бојкотот според која требаше да не успеат изборите, односно да нема цензус. Арно ама пак пораз. Повторно математиката не излезе иста дома и на пазар. Повторно математички прецизно исчуривме. Излегува дека џабе ги потсетив пред неколку месеци во мојата колумна на онаа старата Ајнштајнова според која лудост е постојано да ја повторуваш истата грешка и да очекуваш различен резултат. Дека со бојкот не може да победиш на секому е јасно, освен некому, пишува Тодоров.