Тодоровски ги демантира обвинувањата на Левица дека бил обвинет во предметот „Делчевски ниви“

од Nikola Popovski
39 прегледи

Орце Тодоровски, чие име беше спомнато од политичката партија Левица, ги демантира обвинувањата дека бил обвинет во предметот „Делчевски ниви“. Како што тврди во испратениот демант, тој бил само осомничен и никогаш не била поведена судска постапка против него.

„За предметот Делчевски ниви, Орце Тодоровски е ослободен од одговорност и спрема него не е покренато обвинение ниту пак се води судска постапка. Невистинито е тврдењето дека Тодоровски е дел од сопственичката структура на бензинската пупма “ОИЛ ДЕ ” во Делчево. Истиот не е во деловни или роднински врски со лицето Дарко Ќурчиски.

Невистинито е тврдењето дека Орце Тодоровски самостојно или заедно со Дарко Ќурчиски препродавале ниви.

Невистинито е тврдењето дека Тодоровски има раководна позиција во јавниот сервис МРТВ која му овозможува да доделува тендери. Орце Тодоровски ниту е ниту пак некогаш бил одговорно лице во МРТВ“, се додава во демантот.

Слични содржини