„Тој е под страшен стрес“: Брнабиќ откри зошто Вучиќ се разболе

од Берта Китинска
242 прегледи

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ ги откажал сите сови состаноци информираше неговиот советник за медиуми Сузана Васиjeевиќ објаснувајќи дека се работи за замор.

„Здравјето на претседателот не беше добро, а утре вечер пристигнува Урсула Фон дер Лејен и задутре сме со неа во Ниш, означувајќи го почетокот на работата на новиот железнички коридор, потоа одиме во Дубаи, и секојдневните проблеми на Косово , па мораше да застане “, изјави вчера советничката на Вучиќ, Сузана Васиjeевиќ.

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, денеска изјави дека претседателот на Србија, „фати грип“.

“Тој не се одмара, можам да го кажам тоа. Би сакала да одмори уште малку. Тој е под страшна напнатост, се разбира, за што се случува на Косово и Метохија, мислам дека навистина не спиел ноќе. Го фати грипот и сето тоа. Имунолошкиот систем му ослабна, се разбира, од тие напори и од тој стрес“, рече Брнабиќ за ТВ Хепи.

Слични содржини