„Тој е подобар од Бекам!“ Ѓоковиќ ги покажа своите кулинарски вештини

од Весна Петровска
15 прегледи

Новак Ѓоковиќ сè уште ужива во одморот по поразот во полуфиналето на Вимблдон од Јаник Синер.

Минатата недела беше во Црна Гора и Хрватска, а моментално престојува на грчкиот остров Миконос, во друштво на сопругата Јелена, децата Стефан и Тара, како и најмалиот брат Ѓорѓе со неговото семејство. Неколку дена откако ја напушти Корчула, се појави снимка на која Нолее во улога на – шеф на кујна.

Во еден познат ресторан на Пељешац, кој претходно го посетил и Дејвид Бекам, најдобриот тенисер на сите времиња му помагаше на шефот Антонио Тони Бјеланчиќ – познат како шеф Бјелко – да се „загрее“, при што како реквизит користеа домат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by U Penjanju 🎾 (@u_penjanju)

– Сега ти мене ме учиш, а потоа ќе те учам јас кога ќе стигнеме до готвењето – му рече шеф Бјелко на Ѓоковиќ.

По завршувањето на “загревањето”, дојде редот Ноле да ги покаже своите кулинарски вештини.

Шефот му покажа како правилно се сече домат, а Ноле без грешка го повтори тоа, додека од позадина се слуша прашање упатено до шефот – дали Ѓоковиќ е подобар од Бекам.

– Подобар, сигурно дека е подобар – одговори шеф Бјелко.

Инаку, славниот фудбалер го посети истиот ресторан пред две години и заедно со Бјелко подготви јадење, по што објавија снимка на Instagram.

Очекувањата се дека Ѓоковиќ наскоро ќе започне со тренинзи, пред да замине за САД каде го очекува Мастерс турнирот во Синсинати, а потоа и последниот Гренд слем во сезоната – US Open.