„Тој не е добар актер“: Џаред Лето виден како се качува по ѕидовите на хотел (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
332 прегледи

Популарниот актер Џаред Лето неодамна беше снимен како виси на ѕидовите на еден хотел во Берлин.

Набрзо видеото се прошири на социјалните мрежи, а јасно е дека минувачите биле шокирани и исплашени од глетката.

Иако не бил на голема висина, тој можел да се повреди без заштитна опрема.

Се уште никому не му е јасно која е точно причината за неговото искачување, но судејќи по коментарите, Џаред барал начин да го привлече вниманието кон себе.

Британскиот филмски критичар Марк Кермод неодамна зборуваше за тоа колку претенциозен станал актерот.

„Од него се вришти: ‘Обрнете внимание на мене. Погледнете ме во филмот Гучи, заслужувам Оскар’. Тој не е добар актер, само е претенциозен и тоа е се“, изјави Кермод.

Слични содржини