„Тој очигледно не сака да се разведе“: Кевин Костнер изненаден од барањето за развод

од Stefanija Kuzmanovska
528 прегледи

По 18 години брак и три деца, се чини дека на уште еден брак му дојде крајот. Сопругата на Кевин Костнер поднесе барање за развод, што го изненадило популарниот актер кој тврди дека не го очекувал тој потег.

Магазинот People потврди дека 49-годишната Кристин Баумгартнер поднела барање за развод од Кевин Костнер, а сите обожаватели на шоу-бизнисот сега шпекулираат за причините. Некои тврдат дека се работи за неверство, други дека се работи за преголеми карактерни разлики. Кевин Костнер наводно е запрепастен и ужаснат.

Иако првиот брак на ѕвездата заврши со развод вреден 80 милиони долари поради виорот од обвинувања за неговата склоност да изневерува, долгогодишен пријател застана во негова одбрана и рече дека воопшто немало таков проблем.

„Кевин беше многу изненаден од постапката на Кристин, тој очигледно не сака развод и би сакал да му се врати“, рекол пријател кој тврди дека Костнер ги сака сопругата и трите деца, синовите Кејден и Хејс и најмладата ќерка Грејс.

Двојката последен пат беше видена заедно во март, поточно на Оскарите.

Таа веќе ја извади бурмата и јасно стави до знаење дека овој брак за неа е завршен.

„Искушенијата се прилично силни и таму надвор има гладен свет кој чека да паднете. Така, не можете ни да се плеткате без да платите висока цена. Се обидувам да го водам мојот живот со одредена доза на достоинство и дискреција, но бракот е напорна, напорна работа“, изјавил актерот во една прилика. Сепак, претставникот на Костнер за Page Six демантираше какви било тврдења за неверство.

Слични содржини