Тојота развива нов мотор на водород

од Nikola Popovski
340 прегледи

Јапонска Тојота развива нов мотор на водород како дел од својот концепт за намалување на емисиите на стакленички гасови, се вели во соопштението на корпорацијата во четвртокот.

Новиот хидроген турбо мотор ќе биде трицилиндарски со 1,6-литри. Во принцип, тој е сличен на бензински мотор, но освен занемарлива потрошувачка на моторно масло, нема да испушта никакви стакленички гасови, велат во Тојота.

Тие додаваат дека согорувањето на водородот е побрзо од бензинот, што позитивно влијае на динамиката на автомобилот.

Тојота очекува да го тестира моторот во мај за време на една од етапите на локалната трка на патеката во префектурата „Шизуока“.

Компанијата веќе има искуство во производство на водородни мотори. Во 2014 година, компанијата го претстави првиот производствен автомобил во светот на овој вид гориво, „Мираи“. Сепак, во основа станува збор за вграден електричен мотор кој ја добива енергијата потребна за стартување на машината од хемиската реакција на водород и кислород, а нуспроизводот е вода.

И покрај неодамнешниот почеток на продажбата на втората генерација на тој автомобил, „Мираи“ не е многу барана во Јапонија. Во прилог не одат високата цена и неразвиената мрежа на станици за полнење со водород.

Јапонската влада го одобри планот за намалување на емисиите на стакленички гасови кон крајот на минатата година, што, меѓу другото, ја поставува целта за постепено производство на сите бензински и дизел возила до средината на 2030-тите години.

Според јапонската влада, таа стратегија за развој треба да ја зајакне економијата и да создаде економско влијание од скоро 900 милијарди долари до 2030 година и повеќе од 1,8 трилиони долари во следните 20 години.

Слични содржини