Јапонскиот производител на автомобили „Тојота“ ќе затвори пет фабрики и седум производни линии во јануари, објави јапонската новинска агенција „Кјодо“.
Седум линии во пет производствени погони во Јапонија нема повторно да се отворат по божиќните празници. Мерката е привремена поради проблеми со испораките од Југоисточна Азија во услови на пандемијата Ковид-19, како и поради недостаток на полупроводници.
Присилниот прекин на овие капацитети ќе влијае на производството на 20 илјади автомобили.
Во декември, автомобилскиот концерн затвори 6 фабрики (10 транспортни линии), што влијаеше на производството на 22.000 автомобили.
Во исто време, мерката нема да влијае на вкупната прогноза за производство на 800.000 автомобили во светот во јануари и околу 9 милиони автомобили за цела 2021 година, соопшти компанијата.