342
– Во Токио денеска, четврти ден по ред, е потврден рекорден број новозаразени со коронавирусот.
Главниот град на Јапонија регистрира 11.227 нови случаи на Ковид-19, соопшти локалната власт еден ден откако повторно воведе ограничувања за движење и за бизнисите, кои ќе бидат во сила до 13 февруари.
Во последните 24 часа од Ковид-19 починале три лица, а денеска е потврдено дека 12 пациенти се во тешка состојба, соопшти градската управа на Токио.