Рускиот министер за енергетика Александар Новак изјави во четвртокот дека Саудиска Арабија предложила секоја од земјите – производители на нафта, да го намали производството со до 5%, за да се зголемат цените на светските пазари.
Специјално за Русија тоа би значело околу 500 000 барели дневно помалку.
“Да, навистина беа предложени такви параметри, но тие се предмет на дискусија, премногу е рано да се зборува за тоа”, го цитираше “Ројтерс”.
Покрај тоа, според Новак има предлог за средба меѓу земјите од нафтениот картел ОПЕК и оние надвор од него на ниво на министри за нафтата. Русија е подготвена да се вклучи во сличен формат.
“Има многу прашалници за тоа кој ќе следат дали е реално се намалува ископувањето”, рече уште Новак.
“Ројтерс” обрнува внимание на фактот дека од дискусиите за предностите и негативностите од заедничко намалување на производството со ОПЕК отсуствува клучната руска фигура – најблискиот до претседателот Владимир Путин, шефот на државниот гигант “Роснефт” Игор Сечин.
Според агенцијата ова може да значи дека во Кремљ уште не одлучиле дали да се вклучат во ваква акција.
Конечната одлука ќе биде на претседателот, но вклучувањето на Сечин ќе е јасен знак дека Москва е подготвена за прв пат по 15 години да дејствува со картелот, на кој не е член. Во 2001 година. – сосема во почетокот на управувањето на Путин – имаше несреќен договор со ОПЕК. Тогаш Русија вети умерено намалување на производтсвото, но во реалноста го зголеми извозот.
Сечин повеќепати изјавувал дека Русија нема да биде првата која ќе направи чекор назад во борбата со ОПЕК за удел, иако за 18 месеци нафтата поевтини од 115 на 30 долари. Наместо него во средата на средбата присуствуваше главниот финансиер на “Роснефт” Свјатослав Славински.
Учесник, кој побарал анонимност, вели дека дискусијата била за тоа дали Москва да прифати дека во следните две години нафтата да е околу 35 долари за барел, или да се разговара со Саудијците и да се обидат за кревање на цената до 50 долари.
Друг извор на “Ројтерс” додава дека “за сите беше јасно дека ако прифатиме да соработуваме со нив, Саудијците ќе побараат од Русија да го намали производството со 4-5% или 400-500 илјади барели дневно. Но мислењата се поделени, кога стана збор дали можеме реално да го направиме тоа. “
