ТОЛСТОЈ ОД СОВЕТОТ НА ЕВРОПА: Навални не е политички затвореник како што го претставуваат на Запад!

од Nikola Popovski
260 прегледи

Алексеј Навални не е политички затвореник во Русија, како што сакаат да го претстават на Западот и како што би сакал тој да се претстави, изјави шефот на руската делегација во Парламентарното собрание на Советот на Европа, Питер Толстој.

Прашањето за наводно труење на рускиот блогер и опозиционер е на дневен ред на Парламентарното собрание на Советот на Европа, пишува Спутник.

Толстој, кој е и потпретседател на Дума и ПССЕ, ги потсети своите европски колеги дека Навални не ги исполнил обврските што ги имал како некој на кој му била изречена условна казна и дека за тоа бил уапсен.

Тој додаде дека Русија вложила големи напори да ги разјасни околностите околу тоа што му се случило на Навални во авионот.

„Подготвени сме да соработуваме со вас, но потпирајќи се на факти, а не на пропагандни клишеа и извици што, за жал, можеме да ги слушнеме во салата денес за време на сесијата“, рече Толстој.

Во меѓувреме, приврзаниците на Навални организираа неовластени протести низ Русија минатата сабота. Руското Министерство за надворешни работи претходно ги советуваше странските политичари кои ја коментираа ситуацијата со Навални да го почитуваат меѓународното право и да ги решаваат проблемите во нивните земји, а министерот за надворешни работи Сергеј Лавров неодамна изјави дека се копираат изјавите на западните политичари на оваа тема.

Според порталот, портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков посочил дека Кремљ нема намера да слуша изјави од странство за Навални.

Слични содржини